„Очигледно е дека заложбите за декриминализација и легализација се декларативни, а и евидентно е дека извршната власт е селективна односно сака да соработува само со Здруженија на граѓани кои се подготвени да клатат со главите занемарувајки ги потребите на граѓаните и пациентите, а давајки подршка на квази легализација на канабис која се подготвува, а која во пракса ќе биде монополизација на пазарот", се вели во реакцијата на „Билка".
Од здружението бараат декриминализација на канабис преку измени во Кривичниот законик, со дозволена количина за лична употреба од 50 грама, во услови кога нема други елементи на продажба.
Барање имаат и за бришење и на кривична евиденција на сите уживатели на канабис, за кои според нив се илегално гонети по упатство од Обвинителството.
„Билка“ бара и легализација на канабис како нормален тек по декриминализацијата.