„Амфора“ алармира

Безмилосно се лови охридската пастрмка

Во текот на секојдневните подводни активности сме сведоци на постојаното уништување на веќе значително осиромашениот рибен фонд на Охридското Езеро, a за време на мрест, период кога е најранлива и најмногу треба да се размножува, охридската пастрмка безмилосно се лови. Заробени со денови, без можност да се хранат и живеат рибите се препелкаат во лесно поставените замки, алармира нуркачкиот клуб „Амфора“.

Од „Аформа“ велат дека многупати самите реализирале специфични акции за отстранување на изгубени и заборавени рибарски алати како и многубројни еколошки акции со цел подигнување на јавната свест по однос на заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро.

Се превземаат и мерки од релевантните институции, сепак дали се доволни сите тие мерки за да се заштити она што ако го загубиме, никогаш нема да се врати, прашуваат од „Амфора“.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе