Државен завод за ревизија

Б-интегрираните еколошки дозволи не овозможија контрола на загадувањето

Проблемот со загадувањето не е решен со Б-интегрираните еколошки дозволи за деловните субјекти, а Министерството за животна средина нема донесено стратегија за мониторинг на животната средина, утврди Државниот завод за ревизија. Иако е познат бројот на деловни субјекти, не е познат бројот на тие што според дејноста треба да поседуваат таква дозвола, а во издавањето проблеми има во дел од општините поради недоволна екипираност, недоволен број на инспекции, слаба обученост и субјективизам, што создава неповолни околности за животната средина.

Со ревизијата која се однесува на периодот 2017 - 2019 година, Државниот завод за ревизија утвди дека надлежните институции не донеле Стратегија за мониторинг на животната средина и Програма за мониторинг на животната средина, поради што е проблематично да се воспостави систематско следење и оценување на загадувањето на животната средина и детектирање на стопанските субјекти кои загадуваат.

„Недоволната застапеност на надзорните активности од надлежните институции влијае на ненавремено откривање, спречување и контрола на загадувањето на животната средина предизвикано од индустриските инсталации. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираа дека во рамките на проектот 'Развој на мониторинг и информативен систем за животна средина' предвидено е да се донесе стратегија за мониторинг на животната средина", се вели во извештајот.

Од Државниот завод за ревизија потврдија за МКД.мк дека таква стратегија сѐ уште не е донесена.

Проблемот, според ревизијата, е што издавањето на Б-интегрирани еколошки дозволи не овозможува целосна контрола над загадувањето.

Ревизорот вели дека всушност и не е познат бројот на деловни субјекти кои според дејноста, треба да пооседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола, а проблем се и еден број на субјектите кои не го испочитувале законскиот рок за дозволата, поради што било овозможено тие да имаат неповолно влијание врз квалитетот на животната средина.

Во ревизорскиот извештај се наведува дека, Министерството за животна средина и просторно планирање и дел од општините имаат воспоставено режим на издавање интегрирани еколошки дозволи, но недостасува интегриран систем и контролен механизам кој во целост ќе ги опфати индустриските инсталации кои со своите активности емитуваат штетни материи во животната средина.

Една од причините за утврдените слабости во начинот на издавање на дозволите е недоволната кадровска екипираност во општините и инспекциските служби, како и недостатокот на обуки и конкретни насоки за постапување во областа. Но, според ревизијата, постои и ризик од субјективизам при издавањето и дефинирање на содржината, што пак се одразува на износот на надоместоците.

Кај поголем дел од субјектите не е воспоставена сметководствена евиденција на побарувања од операторите на инсталации, што не овозможува нивно следење и редовна наплата. Отсуството на соодветна евиденција не овозможува во случај на ненаплатени побарувања навремено опоменување или одземање на дозволата.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе