Автобусот што се запали е на „Беса транс“, патниците се враќале од екскурзија

Автобусот што рано утринава се запали во Бугарија, а во кој загинаа најмалку 46 лица, бил на компанијата „Беса транс“, која организира туристички и шопинг-тури за Истанбул.

Фото: ЕПА

Според првичните информации, во автобусот се превезувале млади лица, кои се враќале од екскурзија од Турција.

Претходно, и премиерот Зоран Заев изјави дека се работи за страшна трагедија во која 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-35 години.

„Во контакт сум со премиерот Стефан Јанев, кој веќе ги посети луѓето. Имав прилика да разговарам со еден од преживеаните. Тој објасни дека спиеле во автобусот која се слушнала силна експлозија. Успеале да скршат еден од прозорците и да се спасат неколку луѓе. За жал, другите не успеале. Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца – 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години. Најголем дел се наши граѓани, но има и од Србија”, изјави Заев кој заедно со министрите за здравство и за надворешни работи е пред Софија, каде што ќе ги посетат преживеаните во несреќата. 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе