АВМУ ќе донира 105 милиони денари на радиодифузерите, МВР и Министерството за здравство

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одлучи да додели финансиска помош – донација за справување со последиците од коронавирусот (COVID-19), во вкупен износ од 105 милиони денари.

Најголемиот дел од средствата или 103 милиони денари се доделуваат на радиодифузерите и тоа: 73.000.000 денари на радиодифузерите (комерцијални и непрофитни) коишто во моментов вршат телевизиско или радио емитување и 30.000.00 денари се доделуваат на Јавниот радиодифузен сервис „Македонска радио телевизија“. Овие средства се доделуваат за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства, за трошоци поврзани со производство, набавка и емитување на програма, за санирање на негативните последици врз нивното економското работење поради коронавирусот и овозможување нивно непречено функционирање.

По 1.000.000 денари се доделуваат на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, наменети за мерки и активности за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства и набавка на друга опрема и средства неопходни за извршување на активностите на Министерствата за превенција, спречување ширење и справување со последиците од коронавирусот.

Средствата за радиодифузерите ќе бидат распределени на следниов начин: на сите радиодифузери, кои во 2019 година и во 2020 година го имаат платено годишниот надоместок за телевизиско или радио емитување на сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе им биде вратен уплатениот износ за надоместокот за дозвола за 2019 и за 2020 година, намален за износот на данокот на додадена вредност. Вкупниот износ на средства кои се доделуваат по овој основ е 65.099.000,00 денари.

– На радиодифузерите на кои рокот за плаќање на годишниот надоместок за дозвола им доспева по донесување на Одлуката за донација, и тоа до крајот на 2020 година, Агенцијата нема да го побарува годишниот надоместок, туку ќе им издаде фактура чија висина соодветствува само на износот на данокот на додадена вредност. Вкупниот износ на средства кои се доделуваат по овој основ е 7.901.000 денари.

Со сите субјекти, Агенцијата ќе склучи договори за донација кои ќе стапат на сила веднаш по потпишувањето од страна на договорните страни, а ќе се применуваат по добиеното позитивно мислење за јавниот интерес од страна на Министерството за правда, вели Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе