„Упатувањето вулгарни навреди во ниту еден случај не смее да биде начин на комуникација на носителите на јавни фунцкии, затоа што со самото прифаќање на позицијата нивната работа е предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите. Истовремено тие треба да бидат свесни дека имаат одговорност за секој искажан збор и дека мора да се воздржат од секаков вид недолична и непримерна комуникација“, реагираат од АВМУ.
Од таму посочуваат дека попречувањето на работата на новинарите претставува загрозување на слободата и правото на информирање.
„Неопходно е на медиумските работници да им се овозможи професионално да си ги извршуваат своите обврски, пред сѐ, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на политичките и јавните органи“, пишува во реакцијата на АВМУ.