Авиони на ДЗС исфрлија 35 тони вода во гаснењето на пожарот на Скопска Црна Гора

Со два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)се гаснеше пожарот што избувна денеска во реонот на Скопска Црна Гора и зафати ниска мешана шума. Според ДЗС, со двата авиони било дејствувано седум пати при што биле исфрлени 35 тони вода. 

„Авионите дејствуваа во рамки на можностите до самиот крај на денот, додека дозволуваа условите и беше направено сѐ што е во нивна моќ”, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Оттаму додаваат дека со оглед на фактот дека никаде во светот не е предвидено да се гасне пожар во ноќни услови, акцијата на нивните воздухоплови траела до зајдисонце.

„Бидејќи, авионите се исклучително скап ресурс и се користат само за непристапни високи предели, апелираме земските служби координирано да дејствуваат на терен, а од воздухопловите да се бара помош само кога има навистина потреба”, наведуваат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување воедно упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови.

„Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали околната нискостеблеста вегетација”, се вели во соопштението од ДЗС.

Пожарот избувна денеска околу 13 часот на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе