АСОМ донира 600.000 денари за семејствата на настраданите и повредените во сообраќајната несреќа во Бугарија

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) донира 600.000 денари, околу 10.000 евра за семејствата на настраданите и повредените патници во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во Република Бугарија.

Согласно одлуката на членките на АСОМ, паричните средства ќе бидат префрлени на сметката на Црвениот Крст, а потоа организацијата ќе ги распредели на повредените патници и семејствата на настраданите, државјани на Македонија.

„Загубата на човечки животи е ненадоместлива, но како организација, која во многу наврати ја покажала својата општествена одговорност, веднаш и без двоумење одлучивме да обезбедиме помош на оние на кои, во овие моменти, помошта им е навистина потребна“, велат од АСОМ.

Оттаму појаснуваат дека Црвениот Крст и овојпат логистички ќе ја поддржи нивната донација и ќе овозможи паричните средства да бидат распределени до сите семејства на настраданите, како и до повредените патници кои се државјани на нашата земја.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе