Армискиот хеликоптер за гаснење на пожарот над Галичник е приземјен поради многу силниот ветер

Армискиот хеликоптер со опрема за гаснење пожар, е веќе во близина на Галичник. Стигнал најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Хеликоптерот е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, како и додека има дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над с. Галичник, околу 13.30 часот, координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто испрати еден хеликоптер со ведро за гаснење за пожарот и за заштита на Галичник. ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена  е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните единици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума. Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, официјално барање на време за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска, исто така, ги координира и активностите за шумскиот пожар во Беровско од вчера, којшто за сега не претставува опасност по населени места иако е се уште активен. Конкретно, командирот на Територијалната противпожарна единица, ТППЕ-Берово, кој е на лице место информира дека пожарот што избувнал вчера (на ден 01.05.2021) во 17:00 часот, каде што е зафатена сува трева, папрат и нискостеблеста шума (прнар) во атарот на с.Русинов на м.в. „Петлац“. Од силниот ветар пожарот се проширува. ТППЕ - Берово се на терен се со 1 теренско возило и три (3) пожарникари, и од  локалното шумско стопанство, ШС „Малеш", се на местото на настанот со три (3) теренски возила и 15 вработени.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе