Во Соборниот храм во Истанбул

Архиепископот Стефан му се заблагодари на патријархот Вартоломеј за „честа и за срдечната љубов“

На празничната Божествена литургија што се одржа денеска во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија посветен на „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул, а по повод именденот на вселенскиот патријарх Вартоломеј, молитвено присуствуваа и архиепископот охридски г.г. Стефан, митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, митополитот преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископот хераклејски Климент и епископот антаниски Партениј.

Во своето обраќање кон вселенскиот патријарх Вартоломеј, архиепископот Стефан му се заблагодари прифаќање на нашето апелациско прибегнување и за востановувањето на литургиското општење со нашата Црква.

„Како првојерарх на Охридскиот престол, од името на свештениот Синод, на свештенојерархијата, на монаштвото и на верниот народ, како и од свое име, со преполно срце на уважување и почит, уште еднаш Ви благодарам за честа со која нè удостоивте и за срдечната љубов со која нè прегрнавте, соопштувајќи ни го благопријатниот Ваш суд за нашето апелациско прибегнување: востановувањето на литургиското општење со Вас и, преку Вас, со полнотата на Православната Црква“, истакнал архиепископт Стефан.

Сега е јасно, додал тој, колку Вашето добротворство за нашата Охридска Архиепископија, се покажа, всушност, како Ваш најнов принос пред Сељубивиот Бог – како долично дело за таткото на православните.

„А ние, скромните ваши чеда, можеме да му заблагодариме на Бога, покрај за споменатата милост, ете – и за тоа што сме удостоени да бидеме современици на Вашата личност и на Вашите дела за доброто на Црквата и што ја имаме можноста да се радуваме и да се утешуваме од Вашиот подвиг на ‘добро стоење‘, на автентично последување и себепрегорно, дури до мачеништво, исповедање на канонскиот и свештен поредок на Православната Црква“, рекол меѓу другото архепископот Стефан.

На крајот од богослужбата, епископот антаниски Партениј со неговото братство и сестринство, на вселенскиот патријарх Вартоломеј му подариле архиерејска панагија во чест на неговиот именден и во знак на благодарност за признавањето на Охридската Архиепископија.

Храмот „Св. Георгиј Победоносец“ за литургијата беше исполнет со голем број на гости, меѓу кои многумина од земјава, кои допатувале во Истанбул по повод значајните настани кои деновиве се случуваат во древниот Фанар. Патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан в недела на роденденот на Црквата – празникот Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе одржат заедничка патријаршиска и синодална света литургија.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе