На локалитетот „Кале"

Археолозите открија тип на црква којaшто досега во нашата држава не е откриенa

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип по 40 години повторно почнаа  со истражувањата на петкорабната катедрала на локалитетот „Кале" кај селото Крупиште.

Истражувачите и академик Блага Алексова во своите научни трудови наведуваат и сметаат дека овој локалитет бил градот Равен, каде што Кирил ја напишал Глаголицата, а неговиот брат Методиј бил назначаен за епископ и оти од овде ја почнале Моравската мисија. Директор на ЗЗС и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов вели дека археолозите при овие истражувања повторно откриле камења, на кои има букви од глаголицата, кристилница, каде населението се покрстувало.

„Оваа црква се наоѓа на една квадратура голема и е со димензии 28 на 30 метри, досега што е истражено и се работи за еден катедрален храм, со пет апсиди. Ова е репрезентативна црква, којшто досега и во нашата држава не е откриена, од таков тип на црква. Оваа црква датира од деветтиот и десеттиот век. Тоа ни го потврдија и овогодинешните истражувања, каде што најдовме и една чанкарска монета, којашто датира од тој период“, вели Штерјов.

Смета дека со годинешниве истражувања ќе ја дефинираат целата архитектура на петокорабната катедрала.

„Успеавме со овие истражувања да утврдиме дека оваа црква најверојатно имала и крстилница, бидејќи тој ѕид е којшто продолжува на север. Нема да успееме оваа година да ја доистражиме, но главниот дел ќе успееме да ги истражиме. Досега на јужната страна откривме и шест гроба, коишто се уште не се истражени и се надевам дека ќе дадат едни нови податоци“, вели Штерјов.

Локалитетот „Кале" се простира на осум хектари, каде се откриени четири цркви и петкорабната катедрала, ѕидините на градот постоеле до Првата светска војна. Жителите на селото Крупиште ги искористиле камењата во тој период да си ги изградат куќите. Атрактивен е за туристите и авантуристите од Балканските земји и Русија, кои овде низ годините затекнуваа пред се обраснати ниви со трње и трски. Археолошките истражувања годинава чинат 400.000 денари, средствата се обезбедени од Министерството за култура. Штерјов се надева дека и наредната година ќе продолжат истражувањата на локалитетот, кој можеби ја раскажува  приказната  за словенската писменост.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе