Aпел за помош за малата Анастасија

Малата двегодишна Анастасија Ризова од селото Пирава, Валандово, се бори со тешка форма на тумор. За нејзиното лекување во Турција неопходни се 100 илјади евра, пари кои нејзините родители ги немаат. Тие, заедно со нивните роднини и пријатели го упатуваат овој апел за помош за собирање на неопходните средства.

Анастасија мора итно да оди на лекување во Турција.

Веќе се отворени броевите за донација на мобилните оператори Телеком и А1 - 143 104 143 666. Донацијата изнесува 100 денари со едно вртење.

Отворена е и жиро сметка за помо ( 200003533584183, IBAN МK07200003533584183. Swift stobmk2xxxx, Стопанска банка АД 11 Октомври 7 1000 Скопје, Македонија).

Исто така отворена е Gofundme кампања. Отворени се различни опции за донација.

Во Валандово и околината поставени се и кутии за донирање.

„Македонија знае да биде хумана, Македонија знае да биде сплотена кога најмногу треба. А во овој момент, на малата Анастасија, македонската солидарност значи ЖИВОТ“, порачуваат организаторите на оваа кампања.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе