Болна од ковид-19

Апел за помош на млада жена на респиратор: донирајте за Елизабета

Донации и апели за помош испраќаат Сара и Тамара Панови од Лисиче откако на нивната мајка Елизабета која е болна од ковид-19 ѝ се влоши здравствената состојба. Четириесет и тригодишната жена се лекуваше на Инфективната клиника во Скопје, но поради нагло влошување на состојбата сега е префрлена во приватна болница и е ставена на респиратор. Нејзините ќерки апелираат сите хумани да помогнат со донации на телефонски броеви бидејќи она што периодов за некого е малку, за нив ќе значи многу голема помош и поддршка да се спаси еден млад живот. 

Само за приемот семејството Панови на сметка на болницата плати 5.000 евра, а за секој нареден ден престојот во болницата чини 1.000 евра. Ќерките по социјалните мрежи апелира да се помогне на телефонските броеви оставени за донации, како и на трансакциската сметка оставена на име на нивниот татко.

Броеви за донации

 

 А1- 143 505

Т-мобиле- 143 106

Трансакциска сметка на Горанчо Панов= 210501615213591 NLB

ЗА СТРАНСТВО

IBAN CODE - MK07210501615213591

SWIFT - TUTNMK22


https://www.facebook.com/panova.s/posts/3798488790174049

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе