Потребни за над 20.000 евра за лекување

Апел за помош: Донирајте да спасиме млад човечки живот и татко на две деца

Михајло Салтировски има само 31 година и е татко на две мали деца кој постојано прашуваат кога тој ќе си дојде дома. Моментално е пациент во клиничката болница Аџибадем Систина во Скопје. Хоспитализиран е на одделот за Абдоминална хирургија со дијагноза панкреатит со бубрежна и белодробна слабост и сепса. Хоспитализацијата ќе трае се додека истата биде неопходна бидејќи е во кома и на респиратори кои се многу скапи. На Михајло му е потребна финансиска помош од преку 20.000 евра.

Овие средства ќе му помогнат на Михајло да застане на нозе и да биде повторно со своето семејство. 

Сите хумани граѓани може да донираат на телефонските броеви 143-103 од мрежата на Телеком и 143-478 од мрежата на А1. 

Донирајте да спасиме еден млад живот, бидејќи вашето малку, за некого е многу. 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе