Полицијата е тргната кон местото

Апел за помош: Болен жител на Богдево е завеан од снег во куќа на планина

Сам, болен и заглавен во снег во куќа на планина е маж на возраст од 66 години. Станува збор за жител на село Богдево кој пред повеќе од еден час се јавил и побарал помош од полицијата. Од СВР Тетово за МКД.мк го потврдуваат случајот и велат дека двајца полициски службеници со теренско возило се упатиле кон местото, но се прават напори да се ангажира и ратрак за да се стаса до куќата. 

До местото од каде бил добиен повикот има 7 километри пат кој е на планина и е натрупан со снег. Овој пат е тешко прооден. 

Околу 14 часот и 30 минути полициското одделение во Маврово добило повик од маж кој изговорил само дека не му е добро и дека му треба помош бидејќи му се влошила здравствената состојба. Живее сам и одгледува добиток. Апелот до полицијата бил поради тоа што патот кон село Богдево до Врбен бил целосно непрооден од снегот кој веќе неколку дена паѓа во овој регион.

Полициското одделение презема интензивни мерки за да му се помогне,и веќе кон Богдево се упатени двајца полицајци со теренско возило, а се прават напори за ратрак за да се стигне до куќата на лицето, велат од СВР Тетово.

Се работи за планински терен и токму од тие причини, не се знае каква е состојбата на човекот кој побарал помош. Според првичните информации на местото нема ни струја.

За сега нема информации за вклученост на ЦУК и Дирекција за заштита и спасување во случајот со човекот заглавен на планина кој бара помош.

Повеќе информации од СВР Тетово најавија откако ќе биде пробиен теренот и ќе се стаса до куќата на пријавителот. 

К.Д.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе