Антонијо Милошоски примен на Инфективната клиника

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник Антонијо Милошоски на Фејсбук објави дека денеска околу 16 часот бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје поради зголемена температура.

„Денес околу 16 часот од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на КОВИД-19, но по препорака на специјалист од Инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден“, пишува Милошоски.

Тој на изрази благодарност до семејството и до медицинскиот персонал  за поддршката.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе