Антикорупциска одлучи: Нема нерегуларности при исплатата на субвенции на тутунарите

Антикорупциска комисија на денешната седница затвори еден, но отвори друг случај за градоначалникот на Неготино Тони Делков.

Комисијата смета дека нема ништо спорно во тоа што  Тони Делков, ја вработил сопругата на својот прв братучед, за што имаше отворено случај. Таа била вработена на местото техничка секретарка, а на оглас на кој се пријавиле вкупно три лица. Во постапката што ја водеше Антикорупциска било утврдено дека две од лицата отпаднале во изборот поради неуредна документација, по што била вработена роднината на градоначалникот. Антикорупциска го затвори овој предмет и не поведе понатамошна постапка поради тоа што било констатирано дека вработувањето било законски спроведено и согласно планот за вработувања во општината.

Комисијата денеска донесе одлука да покренат прекршочна постапка против Делков за вработувања на нови лица за време на изборна кампања. Според Комисијата, Делков не смеел да започне постапка за вработување на нови лица преку Агенција за привремени вработувања за време на изборна кампања, или веќе започнатите постапки требало да бидат ставени во мирување.

Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи дека нема нерегуларности во предметот што се однесува за исплатата на субвенции на тутунарите од Агенцијата за поддршка на земјоделството и предметот за вработен во Министерството за финансии што во работно време е фотографиран во штаб на еден претседателски кандидат за време на изборите.

Во однос на првиот предмет исплатите се сметаат за редовни согласно годишната програма за исплата на субвенции, додека во втората претставка рече дека врз основа на добиените одговори од Министерството не се потврдиле наодите од пријавата и дека според добиениот одговор лицето било ангажирано како консултант на проект и дополнително користел денови од годишен одмор за време на наводната снимка во штаб на еден претседателски кандидат.

„Врз основа на податоците од Агенцијата за поддршка на земјоделството не се потврдува нашето сомневање за нерегуларности при исплатата на субвенции и предлагам да се затвори бидејќи нема елементи за наводното дело“, рече членот на Комисијата Софка Дојчиновска.

Професорката Гордана Силјановска која беше кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, пријавила во Антикорупциска комисија дека во штабот на избраниот претседател Стево Пендаровски за време на изборна кампања видела државен службеник во рамки на работното време.

Ова свое тврдење Силјановска го поткрепила со документација. Антикорупциска комисија на денешната седница ја разгледа оваа претставка на Силјановска.

Антикорупционерите соопштија дека станува збор за лице ангажирано од Министерството за финансии. Како што беше речено на седницата, лицето не било вработено како државен службеник во Министерството, туку ангажирано за консултантски услуги за конкретен проект.

Вработениот, рекоа антикорупционерите, немал статус на административен службеник, поради што ја отфрлија претставката на Силјановска. Освен тоа Министертството ги информирало и дека лицето користело годишен одмор, иако бил ангажиран со договор за консултантски услуги.

ДКСК, исто така, донесе одлука за отворање постапка за прибирање на информации од една општина за разгледување на пријави за градежни активности во изборен период.

Катица Николова, од ДКСК, побара да се отвори постапка по добиена интересна пријава напишана на рака на 30 страници за состојбите во акционерско друштво формирано од државата за состојбите во една подрачна единица.

Заменик претседателот на ДКСК Нури Бајрами информира дека до нив има присигнато над 600 постапки и дека следната седница е во петок.

На денешната седница ДКСК постапуваше по вкупно 14 предмети од областа на спречувањето на корупцијата и по 17 предмети за можен судир на интереси. За повеќе предмети ДКСК одлучи да се затворат и архивираат со образложение дека по добиените информации не биле утврдени нерегуларности, а за еден зошто не е во нивна надлежност да одлучуваат.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе