Ансамблот “Танец“, со спектакуларни концерти ги воодушевува Македонците во Австралија

Ансамблот „Танец“, амбасадорот на македонската култура и традиција, успешно ја реализира овогодинешната Аастралиска турнеја, одржувајќи спектакуларни концерти, со кои ги воодушевува Македонците на Петтиот континент, но и не само нив.

„Танец“, турнејата ја започна на 17 ноември, во Мелбурн, во престижниот „Melbourne Recital Hall“, каде што пред присутните гости, играорците се претставија во најдобро издание со свои изворни ора и песни од Македонија.

Оркестарот, под раководство на маестро Милан Завков, ја воодушеви публиката, која им возврати со аплаузи и овации, јавува тамошниот медиум на македонски јазик „Фаланга”.

„Најзабележителен беше моментот кога настапи легендарната Сузана Спасовска, со песната ‘Земјо македонска‘. На концертот присуствуваа голем број македонски бизнисмени, претставници на македонски културно-уметнички друштва, претставници од австралискиот политички врв, претставници на македонски политички партии, на спортски друштва, на медиуми од Македонија и Австралија: Фаланга, INTV Australia, SBS Radio и други“, пишува овој портал.

Концертот, како што се додава, поминал во пријатна атмосфера, а естрадните уметници од „Танец“, раководени од директорот Мартин Вучиќ, го дадоа својот максимум за да може публиката да ужива во звуците на традиционалната македонска музика, во звуците на зурлата и тапанот и едноставно во фолклорното наследство на Македонија.

Националниот ансамбл на македонски народни игри „Танец“  оваа години прослави 70 години од своето постоење и е најголем амбасадор на македонската култура низ целиот свет.

Во Мелбурн, домаќин на Ансамблот „Танец“ беше ансамблот „Тоше“ од овој град, а турнејата продолжува во други градови во Австралија, пред сѐ, во оние во кои има поголема концентрација на Македонци.

В.М.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе