Aнимации на ИКС и МЕД за локалните проблеми со животната средина (ВИДЕО)

Три анимирани филма се направени во рамките на проектот SHAPE (Локална акција за подобри политики за животна средина) на Институтот за комуникациски студии и на Македонското еколошко друштво. Главната цел на овој проект е да се поддржат невладини организации од шест региони од Македонија кои во соработка со средните училишта имаат проекти за решавање на некој локален проблем со живнотна средина.

Анимациите се промотивни и едукативни, а се однесуваат на заштитата на животната средина.

Земјоделие

Првото видео е на тема земјоделие и покажува како во традиционалните земјоделски практики се остава простор на природата целиот екосистем да функционира во корист и на природата и на луѓето. За разлика од тоа, со монокултурите целиот екосистем се нарушува. Главна порака на видеото е дека иако има причина за монокултурите, мора да оставиме простор и за помали фарми и добри земјоделски практики кои живеат во симбиоза со природата.

Анимациите се изработени и на англиски и на албански.

Отпад

Второто видео е на тема отпад и е видео со најверојатно наједноставната порака – отпадот кај нас и натаму е еден од најголемите проблеми за заштита на животната средина и мораме да најдеме начини како да се справуваме со него.

Анимациите се изработени и на англиски и на албански.

Преспа/биодиверзитет

Третото видео е за Преспа на тема биодиверзитет. Во видеото се покажува колку многу различни елементи се клучни за еден екосистем како Преспа и како екосистемот може да преживее само ако ги зачуваме сите овие делови.

И овие анимациите се изработени и на англиски и на албански.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе