Засилени контроли на МВР

Ангеловски: На територијата на Тетово и Гостивар казнети се 202 возачи

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово и Гостивар, при што санкционирани се 202 возачи, соопшти на денешната прес конференција во Тетово портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„Притоа, изречени се 95 санкции во Гостивар, меѓу кои 20 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 27 за возење без возачка дозвола, 12 за неносење заштита на лице...

Во Тетово се изречени 107 санкции, меѓу кои, 16 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), седум за возење без возачка дозвола, 15 за неносење заштита на лице..." соопшти Ангеловски.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и денеска, како и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе