„Констатирано е дека од оперативецот во Кратово не е побарано хеликоптер и не е известена Дирекцијата за заштита и спасување, што претставува кршење на стандардните оперативни процедури и за истото ќе биде спроведена дисциплинска постапка. Од хиерархиски надредените јас како директор на Центарот за управување на кризи не бев известен, бидејќи доколку знаев за овој настан сигурно јас организирав да се испрати хеликоптер за извлекување на лицето. За расветлување на овој настан и за одговорноста која непсорно ја има и кај нас, одговорност ќе ја барам и на други места. Денеска поднесов официјални барања до Министерството за здравство, до МВР и до Министертвото за локална самоуправа кои ќе треба да одговорат на повеќе прашања", изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Тоа беше неговиот одговор на прашањето чија е одговорноста што Златко Божинов од кратовско пет часа бил носен на носилка по непристапен терен за да му се прижи лекарска помош, откако не бил обезбеден транспорт на ова лице, кое подоцна почина од полседици на мозочен удар.
На денешната прес-конференција во Владата пак, портпаролот Хоџа изјави дека за овој случај е побарана внатрешна контрола во ЦУК и во МВР за одговорност на надлежни службеници.