Најголем е огнот на полигонот Криволак

Ангелов од изгрејсонце со хеликоптер на терен кај пожарите, активни се уште три

Рано утрово со полициски хеликоптер извршено е извидување на трите активни пожари, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. 

„Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер.Воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни.Вториот пожар е нов пожар кој го забележавме за време на хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде е зафатена дабова шума и постоеше можност за проширување но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола.Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко“, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој посочува дека пожарот во текот на ноќта го намалил интезитетот, чади на некои места, но нема видлив активен оган.

„Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот.Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување“, соопшти Ангелов. 

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе