Директорот на ЦУК објави

Aнгелов: Македонски и српски хеликоптери гасат во беровско - пехчевскиот регион и тука полнат гориво

„Два македонски и два српски хеликоптери непрекинато, почнувајќи од раните утрински часови, учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во реонот на пехчевската и беровската оштина. За да се зголеми нивната ефикасност, во близина на местото на кое гаснат, поставивме цистерна со керозин и сега наместо да летаат до Скопје за да наполнат гориво полнат до самото место на гаснење со што времето за полнење на гориво е драстично скратено  и можат да се направат значително повеќе летови“, објави на Фејсбук директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој вели дека во и до коритото на реката Брегалница се врши ископ на поголем земјен базен од кој ќе може да се црпи вода со што дополнително е скратено времето на интервенција.

„Во овој момент пожарот е под делумна контрола, но високата температура, сувата вегетација и силниот ветер можат да ја променат состојбата во секој момент. Околу 14.00 часот на оваа локација ќе дејствува и романскиот авион чија носивост е околу 6 тони вода за разлика од нашите хеликоптери чија носивост е 2 тона или српските чија носивост е до 1,2 тона“, вели Ангелов.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе