Според податоците од МВР, во 2020 госдина има 1.062 напади од бездомни кучиња врз луѓе, во 2021 година има 1.315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1.283 напади на кучиња. Или, вкупно 3.660 напади за последните три години.
Според истите податоци, најмногу напади во последните три години имало во Скопје – 1.853, во Кичево – 439, Велес – 250, Струга – 177, Тетово – 170, Битола – 149, во Прилеп – 122, Гостивар – 98, Куманово – 75, Охрид – 50“, рече Ангелов.
„Во Скопје сметаме дека аналитиката и статистиката се најпрецизни, каснатите граѓани се поучени од страна на адвокати дека за секој напад на куче може да добијат одредена оштета што ги мотивира граѓаните да ги пријавуваат сите напади. Ги повикувам сите засегнати граѓани кои ќе бидат нападнати од улично куче да го пријават нападот на бројот 112 а од страна на МВР ќе бидат преземени сите соодветни мерки и на тој начин ќе воспоставиме и пообјективна контрола врз бројот на напади на улични кучиња врз граѓани на цела територија на државата“, рече Ангелов.
Ангелов смета дека стратешки момент на кој треба да се работи организирано е масовна стерилизација на уличните кучиња.
„Потребна е едновремена акција, а кога би била на идеален начин напаравена би можеле отприлика за три месеци околу 75 отсто од кучињата да бидат стерилизирани. Со тоа нивниот број нагло ќе падне бидејќи нема да можат да се размножуваат“, вели Ангелов.