Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.01.2022 до 21.01.2022 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), наведуваат од ЈП Водовод и канализација.