АМСМ апелира да не се користи автопатот Миладиновци – Штип

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Како што соопшти АМСМ, попладнерво на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до сите возачи да не го користат автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци, кој сеуште не е пуштен за сообраќај поради проверки од безбедносен карактер.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе