Според руската амбасада во земјава

Американските бомбардери што летаа над Скопје биле пресретнати од руски сухои над Балтикот (ВИДЕО)

Двата американски бомбардери што денеска прелетаа над Скопје во знак на поддршка и добредојде за земјава во НАТО биле пресретнати од руски ловци над Балтичко Море, објави на Твитер руската амбасада во земјава.

Фото: Твитер

„Двата американски Б-1 лансери од Воздухопловната база Елсворт, во Јужна Дакота, кои беа упатени кон државната граница на Русија над Црно Море, денес беа пресретнати од два руски ловци сухои“, објави руската амбасада пренесувајќи го во прилог твитот на американската амбасада во Скопје во кој се вели дека прелетот е израз на трајната поддршка за Македонија.

Двата авиона на американското воено воздухопловство придружувани од четири авиони на грчката воена авијација денеска извршија прелет над територијата на Македонија во чест на нашето членство во НАТО.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе