Американски волонтери на Мировен корпус повторно во Македонија

Денеска во Македонија пристигнaа нова група Американци за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во земјата.

Волонтерите беа пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировен корпус во Македонија, Дебора Конор, како и дел од вработените.

„Ова е прва група на волонтери коишто пристигнаа во Северна Македонија после три години, откако беа евакуирани во март, 2020 година заради светската пандемија. Волонтерите повторно ќе бидат дел од програмите за настава по англиски јазик и развој на заедниците, како и во претходните години. Им посакуваме многу успешна работа - изјави Дебора Конер, директорка на Мировниот корпус во Северна Македонија."

За време на нивниот двогодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации. Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Ова е 25-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура, а својата служба во земјата ќе ја почнат во декември 2022. Повеќе од 800 американски државјани служеле во Македонија од 1996 година.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе