Американски бомбардери Б-52 извршија прелет над Скопје

Денеска два воени воздухоплови од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатланската област.

Во однос на прелетот на двата американски бомбардери потполковникот Јован Азмановски од Генералштабот на Армијата истакна дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо.

„Денеска, граѓаните на Скопје и Северна Македонија можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, кои што го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците"- рече потполковникот Азмановски.

Бомбардерите Б-52 во Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар. Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска.

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе