Платформата Куиби

Американците прават серија за група Македонци што се збогатија од лажни вести во 2016

Американската платформа за кратки содржини Куиби прави серија за лажни вести и нивното влијание врз претседателските избори во 2016 година - од страна на група Македонци.

Во главната улога е Фион Вајтхед од „Данкирк“

Серијата е со работен наслов „Кликбејт“, а во неа се раскажува вистинската приказна за група македонски тинејџери што се збогатиле создавајќи лажни вести во пресрет на изборите во 2016 година, вели Вараети. „Кликбејт“ ќе го истражи длабокиот ефект на нивната работа врз американските избори и врз нивните животи. Еден од извршните продуценти на серијата е и режисерот на претстојниот филм „Бетмен“, Мет Ривс.

Во главната улога како Нико, еден од македонските тинејџери, e Фион Вајтхед од „Данкирк“ и „Црно огледало: Бандерснeч“. Нико е опишан како млад човек очаен да се оттргне од својата социјална состојба, кој открива дека објавувањето лажни вести би можело да биде неговиот златен билет.

Серијата ќе биде во режија на Марк Молој, а е напишана од Адам Сорин (кој неодамна им беше асистент на писателите на Ривсовиот „Бетмен“).

Легенда под Главна слика

Во главната улога е Фион Вајтхед од „Данкирк“

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе