Албанецот од Македонија кој си ја уби сопругата бил припадник на Исламска држава?

Македонски државјанин 36-годишниот Џемаил М. од скопското село Ласкарци, кој до смрт ја избоде својата 32-годишна сопруга, Земира К., на паркинг во австрискиот град Тулин, наводно, бил поддржувач на Исламската држава, објавува австрискиот интернет-портал „ОЕ24".

Веста за убиството е проследена со фотографија преземена од Фејсбук, на која се забележува осомничениот како позира со испружен показалец на десната рака, што како поздрав го користат и припадниците на Исламска држава.

Семејството на Џемаил во Македонија исто така се сомнева дека бил близок со припадници на Исламската држава и не сакаат да комуницираат повеќе со него.

„Џемаил го уништи целото семејство. Не сакаме да го видиме. Тој беше зависен од коцкање и имаше лоши пријатели“, велат од неговото семејство.

Според портпаролот на австриската полиција, Џемаил го признал злосторството без каење.

„Да, сакав да ја убијам“, рекол тој.

Децата на брачната двојка се на возраст од шест и десет години и по трагедијата биле згрижени од институциите. 

На  Џемаил му се заканува затворска казна од 20 години.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе