Алармантни податоци од УНИЦЕФ, на секои 11 минути се случува едно самоубиство на дете или адолесцент

Секое седмо дете и адолесцент на возраст од 10 до 19 години во светот живее со дијагностицирано ментално нарушување. Тоа вклучува проблеми во однесувањето, вознемиреност и депресија, од кои некои се толку сериозни што погодените креваат раце на себе, покажува студија на УНИЦЕФ. Ова значи дека еден млад човек се самоубива на секои единаесет минути, вели експертот за ментално здравје на УНИЦЕФ, Зеинаб Хијази.

„Речиси 46.000 млади луѓе си го одземаат животот секоја година. Самоубиството е една од петте најчести причини за смрт кај групата од 15 до 19 години. Младите луѓе повеќе умираат само од сообраќајни несреќи, туберкулоза или насилство.

Во истражувањето спроведено во 21 земја, секој петти млад маж или девојка на возраст од 15 до 24 години, честопати се чувствува депресивно. Во Германија, ова го изјавил секој четврти испитаник. Последиците од пандемијата на коронавирусот очигледно се врвот на ледениот брег што постоел порано, предупредува извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриет Форе.

Менталното здравје во и по пандемијата

Психолозите очекуваат дека по пандемијата со kовид-19, ќе се случи пандемија на ментални нарушувања. По повеќемесечното работење од дома, светот повторно почна да се враќа во нормала, но сега се случува спротивен ефект – луѓето се чувствуваат анксиозни и тешко го прифаќаат враќањето на работа. Оттука, разговорот со психолог не треба да се табуизира, бидејќи ни помага да ги разбереме, прифатиме и надминеме нашите ментални состојби.

Разговорот со психолог има позитивно влијание врз нас и нашето здравје. Психологот и психотерапевт Радмила Живановиќ во разговор за МИА, вели оти не постои рецепт за совршено ментално здравје. Потребно е секој да се обиде да ги најде за себе соодветните начини за да функционира поавтентично, без огромен страв, паничност и очај.

Овогодишниот слоган на кампањата што Светската здравствена организација ја организира по повод 10 Октомври – Светскиот ден на заштита на менталното здравје е „Грижа за менталното здравје за сите: Ајде да ја направиме реалност“.

На почетокот на пандемијата на коронавирусот и за време на вонредната состојба Комората на психолози на Македонија објави на социјалните мрежи контакти на 40 психолози-волонтери од кои повеќето имаа специјална обука за прва психолошка помош и се психотерапевти. Мирјана Јовановска Стојановска, претседателka на Комората на психолози истакна дека психолозите преку социјалните мрежи, нуделе психолошка помош и биле достапни за сите луѓе од државата, на кои им била потребна психолошка помош за тегоби што им се појавија поврзани со полицискиот час, изолацијата, драстичната промена на животот. Исто така, таа вели дека имало и психолози кои работеле со тимовите на волонтерите од Црвен крст и телефонски броеви на психолози на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија на коишто пациентите можеле да се јават и да добијат психолошка поддршка.

Влијанието на ковид-19 врз дел од тинејџерите предизвика нарушување на менталното здравје. Епидемиите и пандемиите низ времето претставувале голема закана за јавното здравје на луѓето. Пред речиси две години кога цел свет се соочи со пандемијата на коронавирусот, се промени и начинот на кој живееме. Од постојаните дружби лице в лице, светот почна да живее во виртуелен свет, којшто за некого донесе безбедност и заштита, но за дел од луѓето поттикна анксиозност и депресија.

Младите лица, особено тинејџерите најтешко го поднесоа периодот на карантин, полициски час и практично изолацијата од социјалниот живот. Наместо дружби со врсниците, посетување на училиште тие беа принудени да седат пред екраните и да го живеат новото „нормално“.

„Тинејџерите и младите, па и нивните семејства ми се чини многу тешко се справија и се справуваат со новото „нормално“ ако така може да се нарече ова во кое моментално сме. Нивното движење и контакт беа силно ограничени, се појави преголеми стравови кај младите за себе и за своите блиски, се појавија доста панични и анксиозни епизоди, младите социјално почнаа да се изолираат, да губат контакт со реалноста и единствениот контакт им беше преку социјалните мрежи и платформите за дружење. Ова уште повеќе ги поттикна длабоко да навлезат во онлајн светот. Некои успеаја да го искористат, а другите да го злоупотребат онлајн животот“, вели Живановиќ.

Претседателката на Комората на психолози посочи дека дел од младите луѓе се повлекоа зад екраните и тешко се соочија со враќањето во реалноста, па така многу родители побараа помош од психолози во врска со проблемите што нивните деца ги имале во однос на социјалното живеење.

Психолозите потврдија, а и многу научни истражувања го покажуваат тоа дека кај оние млади кои се повлекоа и изолираа од светот, забележани се психолошки тешкотии во функционирањето. Во зависност од карактерот на тинејџерите, забележани се чести појави на регресивни однесувања, тантруми и непознат излив на гнев, но и целосна незаинтересираност, безволност, досада. Сите овие појави им предизвикуваат тешкотии со извршување на училишните обврски, социјализацијата и нормалното секојдневно функционирање.

 Од друга страна пак, по речиси две години тие повторно се вратија во училиштата меѓу соучениците, но под посебни протоколи. Психологот Живановиќ вели дека со дел од тинејџерите со кои е во контакт им одговара тоа што се вратени во училишните клупи. Но, дел од нив се навикнале на комфорот од дома и следење онлајн настава, со што родителите имаат тешкотии да ги натераат да излезат на улица и полесно им е да го заменат физичкиот контакт со виртуелен.

„Искрено мислам дека можноста за враќање во физичка настава, но и можноста за следење на некои од активностите онлајн, како и постоењето на можноста да изберат, им дава и ним повеќе слобода, посебно кога имаат соодветно водство од страна на родителите“, додава таа.

Психологот Радмила Живановиќ порача дека е крајно време да разбереме дека не можеме да ги контролираме условите во кои живееме, но треба да ја преземеме контролата над себе и тоа што не исполнува, прави задоволни и функционални.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе