Циркус во вашиот град (читај Институт за трансфузиона медицина)

Ако сакате koristewe denovi, заокружете godi{en odmor, прекувремена работа или dhurimit të gjakut

Ако сакате да ви се одобри koristewe na slobodni denovi, ќе мора да заокружите дали ви се за daruvawe krv, dhurimit të gjakut, од prekuvremeno rabotewe, godi{en odmor или друг основ. Ако работите во ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина.

А можеби и во други институти.

Во наведениов институт молбите, наредбите и другите интерни формулари вработените во јавната здравствена установа ги добиваат двојазично.

На македонски (ако вложиме натчовечки напор „koristewe na slobodni denovi“ да го сфатиме како македонски) и на албански. И во Shkup, и во Велес, и во Штип, и во Неготино, и во Тетово, Гостивар, Чаир...

Така, дипл.правник Бурим Идризи, др суп спец Седула Усеини и M-r Avni Ismaili, ако сте вработен во институтот, од вас ќе бараат да пополните: „Odmorot/Denovite }e go/gi koristam                       deri më datën                   2019 god“, а ако по нивно барање работите прекувремено, ќе ве oslobodat od rabotните задачи во институцијата.

И да сте најгандиевски толерантни и далајламовски смирени по карактер, па ни за момент не ви попречуваат навредливата провокативност и страшната неписменост на документите што секојдневно ви доаѓаат под нос, во самото нивно дешифрирање и пополнување ќе ви помине скапоцен дел од работниот ден за нешто толку банално. И едно 20 пати ќе го прекршите Законот за употреба на македонскиот јазик, за што ќе ви следува казна.

Го повикуваме „инспекторот“ Бујар Османи да го провери и ова во неговите надзорни институционални прошетки.

Р.П.

Објавено

Понеделник, Декември 2, 2019 - 13:17

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе