Акција за пошумување кај манастирот „Свето Преображение“ кај Крушево

Со обезбедени 4.000 садници денеска околу манастирот „Свето Преображение" во Крушево се спроведе акција за пошумување.

Акцијата ја реализираа општина Крушево и компанијата „Секе“ со поддршка на претпријатието за стопанисување со шумите „Липа", средното училиште „Наум Наумовски Борче“ и основното училиште „Никола Карев“.

Во акцијата се приклучи и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, кој најави слични активности и во иднина. 

„Денеска,  од манастирот „Св. Преображение“, на просторот каде пред само неколку седмици владееше огнена стихија, со засадување дрвја испраќаме пораки за заштита на животната средина и одговорност кон белите дробови на нашиот град“, рече Христоски.

Иницијативата за пошумување, како и минатата, така и оваа година, дојде од компанијата за производство и преработка на тутун „Секе“.

„Како општествено одговорна компанија продолжуваме да организираме и да учествуваме во акции кои го подобруваат животот на луѓето и ја подигнуваат свеста за заштита на животната средина. Оваа активност е дел од проектот што го имплементираме, а се однесува токму на заштитата на животната средина и како ние самите да придонесеме кон унапредување на состојбите“, изјави директорот на компанијата Јане Станкоски.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе