Битолски активисти

Акција „Иди зима“, Битола ќе продолжи да умира (ФОТО)

Денес Битола се разбуди со знаци за предупредување од загадувањето. Негрижата на локалната власт продолжува, а отсуството на одговорност и игнорирање на ситуацијата само го проширува и продлабочува проблемот со загадувањето во Битола. Затоа, битолските активисти поставија знаци на шахтите. Да потсетат дека Иди зима.

 

Битола е град со најголем број на заболени од малигни неоплазми. Секоја нова зима како и претходните, не се преземаат никакви мерки, иако загадувањето е огромно. Секоја нова зима како и претходните, Битолчани се болни и умираат. И во летните месеци нивото на загаденост е покачено, но зимата за Битола е погубна!  Потсетуваме: Иди зима, Битола ќе продолжи да умира..., апелираат активистите од овој град.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе