Реакција

Aгенција за филм: Во случајот со Јадран филм во тек се неколку судски процеси

Не постои никакво задолжение согласно кое Агенцијата за филм треба да постапи и да ја спроведе правосилната судска пресуда од 19 февруари 2019 година со која Агенцијата го изгуби спорот со Јадран филм за договорот за снимање на ТВ серијата Македонија, се вели во одговорот на Агенцијата за филм на јавните обраќања на Јадран филм и на прашањата од МКД.мк.

Во одговорот на Агенцијата за филм се цитира дел од пресудата: „Се утврдува дека одлуката број 02-1257/1 од 27.09.2017 година донесена од в.д директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија Горјан Тозија е ништовна и истата не произведува правно дејство”.

Во однос на тоа дека од страна на Јадран филм, хрватско-американската компанија, било понудено да се преговара откако судот одлучил дека раскинувањето на нивниот договор било незаконски сторено, од Агенцијата за филм велат дека „со оглед на фактот дека во моментов сѐ уште трае судската постапка помеѓу Агенцијата и Јадран филм, тие не се во состојба да преговараат до завршување на постапката“.

Договорот за снимањето на ТВ серијата Македонија бил раскинат на 27 септември 2017. На 19 февруари 2019 се носи правосилна одлука (потврдена и од Врховниот суд) дека ова раскинување било незаконско. Во меѓувреме од сметката на Јадран филм се земени 310 илјади евра. За овие правни последици од противзаконскиот раскин на договорот со Јадран филм од Агенцијата за филм велат дека имало постапка за противизвршување од страна на Јадран филм, но таа била завршена во корист на Агенцијата.

„Во врска со правните последици што произлегуваат од раскинувањето, Агенцијата не е во можност да коментира сѐ до конечно завршување на судската постапка. Спорот со Јадран филм сѐ  уште е во тек, а Владата е известена за текот на целата постапка“, се вели во одговорите на Агенцијата за филм.

А.Д.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе