Администрацијата оваа сабота ќе го чисти Скопје

За вработените во државната администрација, со исклучок на тие од здравствените и образовните институции, претстојната сабота (14 декември) ќе биде работен ден и ќе се спроведе акција за чистење.

Како што одлучи Владата, на 14 декември ќе се одработува  2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

Владината одлука, според препораката, треба да спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од општините, за кои 2 јануари беше неработен ден.

„Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите“, информира МИОА.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе