Центар за граѓански комуникации

8,7 милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

Истражувањето и базата на податоци на трошоците за зимско одржување на патиштата за сезоната 2020/21 на Центарот за граѓански комуникации покажа дека за ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра.

Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонија пат. Само ова претпријатие има склучено договори за јавни набавки за зимско одржување оваа сезона во вредност од 5,7 милиони евра што е две третини од сите пари што ќе се потрошат за оваа намена.

Градот Скопје сам зимскава сезона планира да потроши 700 илјади евра за чистење на снегот и прскање на улиците, додека заедно со уште осум други скопски градски општини ќе бидат потрошени околу 1,4 милиони евра за зимско одржување на улиците. Од другите општини од земјава, најголема вредност за ова ќе потрошат Битола, Прилеп и Куманово.

Најголем поединечен тендер има склучено Македонија пат со Димакс рудници Сопотница, од речиси седум милиони евра за двогодишно снабдување со сол за патиштата. Набавени се 59.555 тони индустриска сол, по цена од 116 евра по тон, за двегодишно прскање на патиштата.

Покрај оваа фирма, која вкупно има 4 тендери во вредност од 7,5 милиони евра, меѓу фирмите со највредни договори се и Ган-логистик од Тетово со 1,2 милиони евра и скопски Аполо инженеринг со 1 милион евра.

Град Скопје во 2019 година има двогодишни договори за набавка на сол и за чистење на улиците во вкупна вредност од 1,4 милиона евра, односно по 700 илјади евра годишно. Градот има купено 4 илјади тони индустриска сол по 85 евра за тон.

Конкуренцијата на овие тендери била многу ниска, односно просечно имало само по 1,5 понуди на тендер или на две третини од тендерите (64 %) имало само по една понуда.

Вкупната сума на трошоци за зимско одржување сигурно ќе биде и поголема ако се има предвид дека за шест тендери сѐ уште не се објавени склучените договори и нивните износи.

Ова истражување се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе