Министерство за социјална политика

700 деца од семејства во социјален ризик на на бесплатен одмор во Струга

Министерството за труд и социјална политика, заедно со Црвениот крст, ова лето, обезбедија бесплатен одмор во Струга на околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик.

Децата се  од целата држава, смените почнаа од минатата недела, а ќе се одвиваат до крајот на летото, во пет смени.

Сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“, на брегот на Охридското Езеро, додека одморот трае една недела и опфаќа шест полни пансиони за деца од петто до деветто одделение.

Корисници на оваа помош од МТСП се членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска грижа, како и деца со попреченост, односно корисници на посебен додаток до 26 години возраст.

„Министерството за труд и социјална политика продолжува да вложува во подобри услови за ранливите категории граѓани, бидејќи секој човек заслужува достоинствен живот и секое дете еднаква шанса. Со социјалната реформа значително ја зголемивме финансиската помош за домаќинствата во социјален ризик, воведовме нови мерки и услуги за нивно полесно секојдневие и поквалитетен живот“, вели министерката Мила Царовска.

В.М.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе