Комисија за спогодување од областа на животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање донесе одлука глобата за сторениот прекршок согласно член 212-е став 1 точка 18 од Законот за живоитна средина „Радика ресорт“ да ја уплати на 20 рати. За ваков прекшок глобата изнесува од 76.000 до 84.000 евра, а во случајов е намалена за 50%.
„Радика ресорт“ е сопственик на хотелот „Радика“ на Мавровското Езеро кај Леуново. Оваа фирма се јавува и како инвеститор на уште 87 објекти, викендици, под хотелот, за чија легалност се отворени неколку случаи (непочитување на законски потребните согласности од неколку институции за градење покрај езеро и во Национален парк).