Уште еден еко-инцидент

300 стари автомобилски гуми гореа кај Костурино

Околу триста стари гуми попладнево се запалени во селото Костурино, кај Струмица, информираат од Територијалната противпожарна единица.

„Пожарот го пријавил сопственикот на гумите, кој се сомнева дека му се намерно запалени“, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Тројца пожарникари го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а интервенцијата траела 2 часа.

По интервенцијата огнот е целосно изгаснат.

Инаку Костурино е познато по тоа што таму се прави гасена вар, а најчесто тоа се прави со палење на стари автомобилски гуми.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе