Разговор.мк со поддршка за оштетените во овој случај

30 лиценцирани психолози нудат бесплатно советување на девојките кои биле злоупотребени во „Јавна соба“

Разговор.мк , онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози која што е мрежа од над 30 лиценцирани психолози се понуди да овозможи бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата „Јавна Соба“. Во телефонски разговор за МКД.мк Георги Михаилов вели дека целта е да им се помогне на овие девојки и тие да сфатат дека не се сами. 

Сакаме ова да допре до што е можно поголем дел од жртвите за да знаат дека има безбедно место на кое може да добијат поддршка. За било какви дополнителни прашања сите кои имаат потреба, а се нашле во мрежата на „Јавна соба“ можат да се обратат на телефонот 078 368 313 или да пратат мејл на адресата [email protected] за да побараат помош. 

Социјалните мрежи со денови вријат од најразлични коментари за повици за интервенирање и решавање на случајот „Јавна соба“ во кој се објавуваат и украдени фотографии од социјалните мрежи со податоци за девојките и образложенија дека наводно нуделе сексуални услуги. 

Денес МВР приведе две лица, а се трага и по останатите членови. 

К.Д.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе