Хелсинки воведува тестирање

24 патници на лет од Скопје до Финска позитивни на коронавирус

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, рече денеска надлежната министерка, откако 24 од 157 патници што пристигнале од Скопје се тестирани позитивно на ковид-19, објави Ројтерс.

Фото: Роберт Атанасовски

Доброволното тестирање било организирано во саботата на аеродромот во југозападниот фински град Турку за сите патници што пристигнале со авионот од Скопје, откако властите заклучиле дека летовите од Македонија и од Букурешт во Романија се два главни извори на новите инфекции со коронавирус во Финска, им рече на новинарите министерката за семејни работи и социјални услуги Криста Кијуру.

„Епидемијата ја има на Балканот“, рече Кијуру осврнувајќи се на неодамнешното скромно покачување на инфекциите во Финска.

Задолжителниот двонеделен карантин и тестовите за коронавирус по случаен избор по пристигнувањето во Финска ќе се применуваат за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на ковид-19 на 100.000 жители во последниот 14-дневен период, соопштија властите.

Во моментов, правилото важи за повеќето земји, со исклучок на 25 земји како што се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка, каде што бројот на заразени останува низок.

Минатата недела, тој број во Финска беше 2,3 на 100.000 жители во текот на 7 дена, со вкупно 7.601 случај и 333 починати потврдени до понеделникот.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе