Што вели регистерот на фирми на Бугарија

23 македонски фирми фигурираат на адреса во Ќустендил, покрај „Беса транс“

На адресата на „Беса транс“ во Ќустендил фигурираат уште 23 фирми, јавуваат бугарските медиуми. Во станот посочен на таа адреса живее возрасна болна жена. Инаку, фирмата „Беса транс“ регистрирана во Македонија е со седиште во Рашче.

Не само македонската фирма „Беса транс“, туку уште 23 македонски фирми са регистрирани на адреса в Ќустендил, овјави бугарскиот медиум БТВ чиј новинар отиде на адресата во овој град која беше посочена во денешните извештаи на македонски медиуми.

Како што утврдил новинарот, во посочениот стан на „Беса транс“ живее возрасна болна жена која раскажала дека нејзиниот син пред повеќе од десет години работел во таа фирма и дека оттогаш до сега тие немаат никаква поврзаност со фирмата.

И новинарката на Бугарската национална телевизија беше со камера на таа адреса, а синот на жената ѝ кажал дека има „просто совпаѓање на имињата на фирмите, а дека таа фирма не се занимавала со автобуски превоз, туку со транспорт на стоки“.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе