Директорот на Истражниот затвор за условите

Рахиќ: Хашкото одделение во кое е сместен Јовановски не е тоа што било

Доколку надвор температурата е 30 степени во „хашките соби" може да достигне до 40, поради тоа што немаат добра изолација, вели директорот на затворот „Скопје", Есад Рахиќ.

Условите во т.н. хашко одделение се далеку од називот кој им е даден, а кој алудира на некаква поголема комоција за притворениците, но сепак се подобри од останатите делови на затворот „Скопје", познат како Шутка, каде се наоѓа најголемото притворско одделение.

Ова за МИА го изјави директорот на затворот Есад Рахиќ, кој ни ја потврди веќе објавената информација дека првоосомничениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во случајот „Рекет" е сместен во една од хашките соби.

Рахиќ појаснува дека Јовановски пристигнал околу 1.30 часот изутрината на 16 јули по полноќ, било потребна брза реакција, направена е проценка од затворската управа и од безбедносни причини, имајќи го предвид профилот на личноста, било одлучено Бојан Јовановски тој да биде сместен во една од „хашките соби".

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе