Каталонскиот лидер

Пучдемон: Ако можат Косово, Албанија и Македонија да бидат земени предвид за ЕУ, зошто не и ние?

Поранешниот лидер на Каталонија Карлес Пучдемон смета дека ЕУ може да напредува иако е сочинета од мали држави.

Пучдемон е на потерница од Шпанија поради организирањето на референдумот за независност во Каталонија пред две години.

Протестите против тој референдум не доаѓаа само од Мадрид, туку и од Брисел.

Тогашниот лидер на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека не би било возможно да се управува со Европската Унија доколку таа би имала 98 членки, што е бројот што тој го предвиде доколку ѝ се дозволи на Каталонија да го направи она што го сака.

„Ни кажаа дека прифаќањето на Шкотска, Каталонија и Фландрија би било премногу комплицирано. Би можеле да се помириме со тоа, но истовремено ЕУ тежнееше кон проширување на бројот на членки од 28 на 32. Преговараа со Косово, Албанија и Македонија за нивно придружување“, изјави Пучдемон во интервју со поранешниот претседател на Еквадор Рафаел Кореа.

Разликата меѓу двата случаи е во тоа што трите држави што ги наведе се меѓународно признати. Албанија и Македонија се суверени држави, додека статусот на Косово е спорен, пишува Раша тудеј.

Пучдемон додаде дека мирнодопскиот начин за борба за независност кој тој и неговите поддржувачи го спроведоа треба да служи за пример. Во спротивно, „единствениот начин за стекнување независност ќе станат војната и воените конфликти, проследени со интервенција на меѓународната заедница, како што беше случајот со Југославија“.

Шпанската влада, според него, го направила спротивното кога решила да користи сила при задушувањето на борбата за независност на Каталонија и осудувањето на лидерите на регионот.

Пучдемон неодамна им се предаде на белгиските власти, но одби екстрадиција во Шпанија.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе