Прв туристички саем во Преспа

Вмрежување меѓу угостителите, туристичките работници, туроператорите и домаќинствата што се занимаваат со рурален туризам за подобра комуникација, а со тоа и подобра туристичка понуда беше целта на првиот Туристички саем што денеска се одржа во Преспа.

Настанот го организираа здружението против дискриминација „Женска солидарност“, здружението на овоштари Благој А. Котларовски и општина Ресен.

Засегнатите страни, односно давателите на туристички услуги од Преспа, како што инмформира координаторката на проектот Весна Миркова од невладината „Женска солидарност“, учествуваа со промотивни материјали, а беше промовирана и традиционалната преспанска кујна.

„Преспа располага со многу можности, културни и природни убавини, но многу малку е искористено. Преку овој саем сакаме сите на некој начин да придонесеме за развој на туризмот. Не само да се жалиме дека нема туристи, туку да почнеме од некаде да ги промовираме убавините и да ги привлечеме гостите во Преспа. Тоа што го поседуваме да го искористиме”, истакна Миркова.

Туристите кои ќе дојдат на Преспанското Езеро, како што рече, ќе имаат можност преку флаери, што ќе бидат распоредени по угостителските објекти на крајбрежјето, да се информираат за сместувачките капацитети.

„Направивме флаери со кои туриситите ќе бидат информирани каде да се обратат за сместување. Со ова сакаме да им олесниме на гостите кога ќе дојдат на плажа во Преспа веднаш да најдат инфрмации каде може да се сместат и со колкав капацитет располага сместувачкиот објект”, рече Миркова.

Во рамки на саемот беа доделени и награди на најдобрите шест фотографии од конкурсот за фотографија со убавините од Преспа.

МИА

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе