Вечерва пред Основниот суд Скопје 1

Протест за поддршка на осудениот Груевски, демонстрантите бараат Иванов да го запре прогонот (ФОТО)

Група демонстранти вечерва излегоа на протест пред Основниот суд Скопје 1, како што велат за поддршка на поранешниот премиер Никола Груевски. Демонстрантите испратија порака „Стоп за политичките прогони". Групата од пред Кривичниот суд се упати кај претседателот Ѓорге Иванов да го достават барањето за, како што велат, прекин на прогонот.

Демонстрантите велат дека покрај сите криминали во државата, на Груевски му се судело за набавка на „мерцедес" што сè уште се возел.

„Упатувам јавна поддршка до Груевски. Фала му за се што направи, неговата борба е и наша борба. Да знае дека македонскиот народ нема да го остави", изјави Александар Трајковски кој заедно со Груевски е обвинет во случајот со насилството во општина Центар.

Трајковски го повика и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов да ги преземел работите во свои раце и да го прекине, како што го нарече, политичкиот прогон, а обвиненијата на СЈО ги нарече обвиненија базирани на незаконит начин.

Груевски е осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк" на СЈО за незаконска набавка на „мерцедес" од 600.000 евра.

Фото: Роберт Атанасовски

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе