Променливо облачно време со дожд и температури до 18 степени

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со температура која ќе биде за десет степени пониска од вчера. Дневните температурите денес ќе се движат од 9 до 18 степени. 

Според Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите на некои места ќе бидат пообилни, особено во источните и југоисточните делови каде локално ќе бидат проследени и со грмежи.

Во текот на денот, според УХМР ќе дува јужен ветер, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. И во вторник времето ќе биде врнежливо и постудено со температури до 13 степени.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе