четврток, 28 март 2024
Време

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 17 Цезлиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 16 степени.

Утре наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ